ВЛАСТА СИ ГИ КУПУВА НОВИНАРИТЕ: Сестра му на Огнен Јаневска вработена во јавната администрација!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ во предизборието ветуваше дека ќе ги врати парите кај граѓаните, но очигледно станувало збор за лапсуз или пак печатна грешка, бидејќи евидентно е дека парите единствено се вратија кај новинарите. Се разбира не се офајдија сите новинари од новата власт, ќар видоа само медиумските полтрони кои служат како владини мегафони, и на своите портали или телевизии креираат хвалоспеви за СДСМ и Заев. Се разбира оваа листа на провладини новинари и медиуми не може во никој случај да помине без новинарот Огнен Јаневски кој беше дел од ,,шарената револуција’’, а во овие моменти на својата контакна емисија на телевизија 24 ги убедува граѓаните да го промена името на државата.

За добро завршената работа стигна и неговата исплата. Имено по социјалните мрежи се шири информација дека сестрата на Јаневски е вработена како советник за култура во Општина Прилеп. Познатата твитерџиката под псевдоним ,,Султана’’ на својот Твитер профил напиша: -Сестра му од Огненка Јаневски деновиве е вработена како советник за култура во Општина Прилеп. Вие продолжете со јавувања кај него у емисија, можи ќе ви се падни и бинго или евентуално од трите подолгото. Вклучително и притисокот или на грешка некој иновационен грант.

Ова е само последниот во низа скандали произведени од власта, и последниот успешен обид за корумпирање на новинари. Да се потсетиме дека лица блиски до медиуми или лично медиуми добија огромни суми на пари од државниот фонд за иновации меѓу кои се најдоа и порталот ,,Сакам да кажам’’ како и весникот ,,Слободен Печат’’.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This