Влатко Стефановски: Носам товар на душата по загубата на сопругата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лани, по долго боледување, почина сопругата на Влатко Стефановски, Гордана, со која го делеше животот цели 35 години. Влатко и неговото семејство се потрудија својата тага да ја сочуваат од домашната и од регионалната јавност. Гитарскиот виртуоз, меѓу многуте музички и животни теми, само за „Женски Магазин“, во февруари годинава, се согласи да прозбори за тешкиот семеен период: прво сообраќајката на синот, а потоа и за загубата на сопругата.

– Во тие многу тешки периоди, најмудрите реченици ги доживеав од најмудрите луѓе. Во знак на утеха, како знак на сочувство, чув неколку мудри работи. Една од нив морам да ја споделам. На Матка, бевме предминатото лето, со сопругата. Сретнав една калуѓерка и ѝ се пожалив дека поминуваме низ многу тежок период. А таа ми кажа една реченица која е многу моќна: Господ не ни дава повеќе товар отколку што можеме да поднесеме. И тоа е една многу голема вистина, и очигледно дека овој товар што го носам сега бил наменет за мене – изјави Стефановски во интервју за „Женски магазин“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This