Влез само со негативен тест: 12.000 гледачи ќе ја гледаат Македонија на Европското првенство во Амстердам

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската фудбалска репрезентација во Амстердам на мечот од третото коло на своето деби на Европското првенство летово ќе игра пред минимум 12.000 гледачи, откако организацискиот одбор одобри 25 отсто пополнетост на капацитетот на „Јохан Кројф Арената“.

Холанѓаните објавија дека на стадионот во Амстердам ќе има четвртина полн капацитет, но со надеж дека бројката може и да се зголеми ако епидемиолошката ситуација во земјата се стабилизира и дозволи зголемување на таа бројка, но бидејќи во овој момент не може да предвидат што ќе се случува со непредвидливиот ковид-19, одлучено е да се тргне до бараните 25 отсто од капацитетот.

Секој навивач што ќе сака да го гледа мечот на трибините ќе може да влезе само со негативен корона-тест, а допрва ќе бидат објавени сите безбедносни протоколи, за да се заштити здравјето на сите што ќе бидат присутни на стадионот.

„Прекрасно е ова дека ќе имаме мечеви од Евро 2021 со гледачи. Ова е историски турнир, во кој Холандија е дел и прекрасно е тоа што и властите и градоначалникот одобрија публика, а ќе ја има минимум 12.000 и континенталниот шампионат ќе може да биде вистинско доживување, но и безбедно. Јасно ни е на сите дека ситуацијата со коронавирусот е нешто непредвидливо, но ние сме оптимисти дека до јуни состојбата ќе се стабилизира и дека ќе можеме да имаме уште повеќе гледачи“, вели Гијс де Јонг, директорот на турнирот во Амстердам за Евро 2021.

Македонија со Холандија ќе се сретне на 21 јуни, а претходно ќе одигра два меча во Букурешт, на 13 јуни со Австрија и 17 јуни со Украина. Букурешт веќе објави дека ќе има 13.000 гледачи на мечевите од Евро 2021, но со посебни услови, сите навивачи да бидат тестирани и да имаат негативен резултат на денот на мечот, а странците, вклучувајќи ги тука и македонските навивачи, да не може да се задржуваат во градот повеќе од 48 часа.

Извор: Спорт1

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This