April 26, 2024, 12:12 pm

Влaдaтa дeнecкa ќe јa oдpжи peдoвнaтa 94-та ceдницa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на Република Македонија, денеска, преку видео конференциска интернет врска ќе ја одржи редовната 94-та седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните. 

На предлог на Министерството за образование и наука, на седницата ќе бидат ставени за разгледување предлог-уредбите за: методологијата за утврдување критериуми за распределба на наменски дотации и блок дотации за основното образование и средното образование, по општини за 2022 година, како и за методологијата за утврдување критериуми за распределба на блок дотациите за  јавните установи за деца – детски градинки и центри за ран детски развој во состав на јавни детски градинки по општини за 2022 година, предложена од Министерството за труд и социјална политика.

Меѓу другото на дневен ред за разгледување е и Информацијата за реализација на Акцискиот план за статус на проектите финансирани во рамки на ИПА 2 Годишна програма за 2017 „ЕУ Поддршка за образование, вработување и социјална политика” на Министерството за образование и наука.

За донесените одлуки и заклучоци од денешната Владина седница, која е закажана со почеток во 14:00 часот, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This