ВМРО-ДПМНЕ Битола: Земјоделците не забораваат дека СДСМ ниту некогаш мрднала ниту пак допрва ќе мрдне со прст за нив

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овој пат, немате време за дебати, немате време за размислување, ниту пак време за, како што вашиот Министер за земјоделство најави, да ангажирате советници кои ќе изнајделе начин за откуп на пченица, велат од ВМРО-ДПМНЕ од Битола.

Интегрален текст од прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ Битола

Секогаш кога СДСМ се враќа на власт се враќаат и проблемите на земјоделците.

СДСМ не само што не одвојува ниту денар за земјоделски субвенции и за земјоделците, туку им создава уште поголем товар врз нивниот грб.

Загрижените и стручните  во СДСМ  ниту знаат, ниту пак сакаат да се зафатат со решавање на проблемот со откупот на пченица.

Овој пат, немате време за дебати, немате време за размислување, ниту пак време за, како што вашиот Министер за земјоделство најави, да ангажирате советници кои ќе изнајделе начин за откуп на пченица.

Еве ви совет: го подаривте најголемиот откупен комбинат Жито Битола  на еден од вашите заслужни експерти. Заедно со него не само што го уништивте комбинатот туку ја уништивте и цела Пелагонија, па, Министре, ангажирајте го него, има искуство на темата.

Она што земјоделците најмногу од сите го знаат е дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ, секогаш работеше за нив.

Над 1 милијарда евра е сумата која што низ годините беше директно субвенционирана за развој на земјоделството.

Земјоделците исто така не забораваат дека СДСМ ниту некогаш мрднала ниту пак допрва ќе мрдне со прст за нив.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This