April 16, 2024, 11:58 am

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС ја води државата во економска бездна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Владата на СДС ја осиромашува државата и ја води во економска бездна.

Економските падови станаа заштитен знак на владата предводена од Зоран Заев и СДС. Недомаќинското работење на СДС на Република Македонија и донесе континуиран пад на индустриското производство за 5,3 проценти и пад на прометот во индустријата и градежништвото.

Катастрофалните резултати значат дека домашните компании имаат помалку пари и повеќе се задолжуваат. Тоа неминовно ќе се одрази и врз платите кои веќе се намалуваат. Намалувањето на платите е првиот чекор кон отпуштање на работници и ставање на клуч на вратите на многу компании.

Падот на градежништвото значи дека се урива главниот погон на македонската економија. Кога паѓа градежништвото тоа значи дека страда и домашното стопанство. Помалиот извоз значи дека македонските компании помалку заработуваат, а помалата заработка значи и помалку пари во буџетот за градба на училишта, болници, патишта.

Деструктивната политика кон странските инвеститори донесе пад на директните странските инвестиции и ги натера постојните инвеститори да размислуваат за напуштање на државата, а СДС и Зоран Заев немаат ни малку грижа дека илјадници граѓани ќе останат без работа.

Дека економската политика на СДС доживува тотално фијаско говори и фактот што Народната Банка констатираше пад за 1.6% во активноста на банките, надополнето со пад на БДП. Банките ја намалија својата кредитна активност, а компаниите се потешко се одлучуваат да земат кредит, политика која ќе го стагнира стопанството.

Граѓаните директно ги почувствуваа лошите економски политики на СДС. Додека имаме пад на просечната плата и извозот расипничката влада на Зоран Заев и СДС неодговорно потроши 420 милиони евра на луксуз, раскош и лично богатење.

СДС ветуваа подобар животен стандард за граѓаните, донесоа само сиромаштија и беда.

Граѓаните ги чувствуваат лошите економски политики на СДС и на локалните избори на 15-ти октомври ќе стават крај на уништувањето на македонската економија од страна на владата предводена од СДС“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This