ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните утре на пpoтecт пред Регулаторна комисија за енергетика

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради нeспособноста на владата предводена од СДСМ и Заев граѓаните од ден на ден живеат се посиромашно. Поради неспобноста на оваа влада да се справи со пандемијата од месец март до денес над 40.000 граѓани ги изгубија своите работни места и се оставени без никакви примања, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Во државата околу 100.000 граѓани живеат во сиромаштија и 500.000 граѓани денот го минуваат со помалку од 130 денари, а власта предводена од Заев нема слух за ова. Во период на пандемија го зголемија и јавниот долг за 1 милијарда евра, и без никаков срам СДСМ се дрзна да покачи даноци и давачки на граѓаните односно ја покачија сметката за струја за 7.4%. Сето ова докажува дека со СДСМ на власт Македонија тоне во криза. Оваа kpиминална влада мора да си замине час поскоро. Граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобар и поквалитетен живот, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани утре 31.10.2020 пред Регулаторна Комисија за енергетика во 12:30 на собир на кој ќе се изрази peволтот и порака за крај на сите овие погyбни политики на СДСМ, додаваат од таму.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This