ВМРО-ДПМНЕ: Гapaнтиpaмe гacификaциja, пpoeкти вo oбpaзoвaниeтo и инфpacтpyктypaта, дa coздaдeмe нoвa иднинa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ со обемни програми со вкупно 14.835 проекти, ја бара довербата на граѓаните за заедно да создаде е нова иднина.

-Проектите на ВМРО-ДПМНЕ се од сите сфери и области и се решенија за реалните проблеми на народот. Планираме гасификација, која ќе биде приоритет, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ гарантираат изградба или реконструкција на 2000 улици низ цела Македонија. Градба или реконструкција на 100 градинки, како и на 150 учлилишта.

-За разлика од СДСМ, ние работиме за подобра животна средина, затоа планираме инвестиции во животната средина, но и градба на нови 150 паркови кои ќе влијаат на огромно зголемување на зеленилото во урбаните центри. Идните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ќе направат 90 спортски сали, и ќе инвестираат во спортот. Но истовремено ќе се грижиме и за културата, се наведува во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ докажало дека тоа што ќе го вети и го реализира. Гарантираме многу работа, многу проекти и многу успеси.

Претседателот на партијата Христијан Мицкоски на вчерашниот митинг во Охрид истакна дека програмите со кои на овие избори настапуваат се наречени Гарантираме, затоа што, објасни, го имате нашиот збор во сите општини дека ќе реализираме дела кои ќе создадат нова иднина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This