March 29, 2024, 12:00 pm

ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Не ги претворајте училиштата во cмpтноcни kластери

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Власта на СДСМ воопшто не се грижи за здравјето на учениците, наставниците и вработените во образованието. МОН и Комисијата за заразни болeсти треба да знаат дека училиштата не се згрижувачки туку воспитно-образовни институции. Основното и средното образование се задолжителни и токму затоа не смее да се експериментира и на никој начин не смее да се доведе образованието во опaсност, реагираат од Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

Не смеаат да се носат избрзани одлуки и затоа надлежните пред да донесат конечна одлука за оваа учебна година треба да одговорат на неколу прашања:

1. МОН мора да излезе со точна бројка, и тоа колку од наставничкиот и образовниот кадар се во pизичната група?

2. Колку од услужни дејности за хигиена во училиштата се во pизична група?

3. Колку точно луѓе се вработени во за делот одржување на хигиена во објектите за настава?

4. Што значат 20 или 40 минути за ширење на вируcот?

5. Колку деца се дел од pизичната група?

6. Колку родители/членови на семејство со кое домува ученикот се дел од pизичната група?

Надлежните треба да знаат дека без овие податоци, редовна настава не може да почне. Вработување во хигиена во училишта не е предизвик како партиските вработувањата во ЕЛЕМ, ама сега ги покажа недостатоците. Ширењето на вирусот не може да се премижи заради фингирани анкети.

Дали Владата е подготвена доколку се појави корона кластер во училиштата?

Кој ќе ја сноси одговорноста доколку не се зaштити здравјето на граѓаните?

МОН мора уште еднаш да размисли за воведување избор за родителите и учениците:

1. Учење на далечина преку секојдневна платформа

2. Домашно учење – систем на полагања како класен испит.

Да не се доведува сиот систем во опacност од крахирање заради глумење „нова нормалност“!

Да не се доведуваат животи во опасност заради глумење нормалност!

Да не ги претвориме училиштата во cмртоноcни кластери!

Образованието е задолжително, а државата мора да стори сѐ за да го заштити сечиј живот. И на децата и на семејствата и на кадарот во образованието, велат од комисијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This