March 28, 2024, 10:32 am

ВМРО-ДПМНЕ НЕМА ДА ДОЗВОЛИ ЗАГРОЗУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ: Нема да прифатиме идеи и предлози што би го загрозиле македонскиот народ, националниот идентитет, засебноста на македонската нација, јазик и култура!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше на сите штетни и антидржавни политики на Зоран Заев и во континуитет укажуваше дека секој негов настап е лага и манипулација на граѓаните со која би се дограбил до власт и до позиција полесно да реализира нечии агенди, велат од партијата.

-Класична лага во стилот на Заев е дека граѓаните на последните избори референдумски се изјасниле за промена на името и идентитетот. ВМРО-ДПМНЕ во својата програма се обврза пред граѓаните дека нема да прифати промена на Уставот, со цел промена на уставното име на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати идеи и предлози што би го загрозиле македонскиот народ и македонскиот национален идентитет, засебноста на македонската нација и на македонскиот јазик и култура, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„ВМРО-ДПМНЕ, како одговорна и народна партија, нема да дозволи кое било решение за спорот кој го наметна Грција, да биде прифатено од страна на политичари поединци, Влада или Собрание, без претходно за тоа да се изјаснат македонските граѓани на референдум, а при тоа мнозинството од граѓаните кои ќе излезат на референдумот да се согласни со можното решение“.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This