March 29, 2024, 12:30 am

ВМРО-ДПМНЕ: Неcпоcобнaтa влада на Заев се cкaрa со сите соседи, одлуката на Рама шaмap за Заев и Спасовски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одлуката на Еди Рама за отворање на границите само за дел од граѓаните кои се со албанско потекло е уште еден шамар за владата на Спасовски и Заев, и огромен неуспех за умислениот прв човек на дипломатијата Димитров. Ова е нов пораз на владата на Заев затоа што одлуката е дискриминаторска и навредлива, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-За само неколку месеци неспособната владата на Заев влезе во нетрпеливост и создава проблеми со сите соседи. Освен договорот со Грција, се случи блокада на интеграциите од Бугарија, Пендаровски доби врел шамар од Белград поради мешањето во внатрешните работи и преговори помеѓу Приштина и Белград, а еве сега нов пораз и од Албанија. Оттука прашуваме некадарната дипломатија на Димитров и неспособната влада на Заев на кој начин реагираа на одлуката на Албанија, превземаа ли нешто или и овој пат ќе си премолчат за овој нов пораз? За неколку месеци неколку порази и отворени прашања со соседите е резултатот на неспособноста на Заев и владата во заминување, порачуваат тие.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This