ВМРО-ДПМНЕ: Победи македонскиот народ, СДСМ треба да се подготви да биде вистинска конструктивна опозиција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот народ ја отфрли деструктивната и антидржавна политика на СДСМ. Аболицираниот криминалец Зоран Заев, на фер и демократски избори во неделата, виде дека насилството и вандализмот што го промовираше изминативе две години веќе немаат никаков легитимитет, реагираат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne-2

Мнозинството македонски граѓани на аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговата дружина му порачаа дека стигна крајот на беззаконието и платеничките револуции.

На аболицираниот криминалец Зоран Заев не му помогнаа ниту поткупите на гласачи во Куманово, ниту поткупите на гласачи во Струмица, ниту поткупите на гласачи во источна Македонија. Македонскиот народ победи. Слугите на аболицираниот криминалец Зоран Заев кои ги извршуваа неговите наредби мора и ќе одговараат пред македонските закони.

Тоа што го гледаме деновиве се последните обиди на аболицираниот криминалец Зоран Заев уште еднаш да ја фалсификува и украде волјата на Македонскиот народ и да ја пролонгира кризата.

Наместо деструктивна опозиција, СДСМ треба да се подготви да ја преземе улогата на вистинска конструктивна опозиција. Колку побрзо, толку подобро и за Република Македонија и за граѓаните кои живеат во неа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This