ВМРО-ДПМНЕ ПОВТОРНО МОЖЕ ДА ПРЕДЛОЖИ МАНДАТАР: Не постои пречка за повторно да се додели мандатот на претставник од ВМРО-ДПМНЕ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доделувањето на мандатот за формирање на Влада по втор пат на иста партија е легитимна одлука. Нема никаква правна или уставна пречка мандатот да биде доделен на истиот мандатар ако тој обезбеди мнозинство. Уставниот суд веќе има донесено пресуда дека во овој случај уставно право на претседателот на државата е повторно да го додели мандатот на истата партија

resenie

Во 1992 година, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија, преку координато рот Стефковски Томислав, му поднесе иницијатива на Уставниот суд на Република Македонија за поведување постапка за оценување уставноста на дејствието, затоа што Претседателот на Република Македонија за мандатор определил кандидат од иста политичка партија која го искористила правото во уставно пропишаниот рок да предложи мандатор за состав на Владата на Република.

Од пресудата е видно дека по известувањето на СДСМ до Претседателот, Глигоров повторно го дал мандатот на СДСМ и за тоа го известил Собранието на РМ, додека Уставниот суд ја отфрла иницијативата за уставност и кажува дека давањето на мандат за состав на Влада е дејствие на претседателот кое е негово уставно право и кое не подлежи на оценување на уставност.

-СЕ ОТФРЛА барањето на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија за оценување уставноста на дејствието односно актот бр. 08-15% од 16 август 1992 година на Претседателот на Република Македонија со кој за мандатор за состав на Владата на Република Македонија се опреде- лува Бранко Црвенковски – пратеник во Собранието на РМ. Според мислењето на Судот, определувањето на мандатор за состав на Владата на Република Македонија е дејствие на Претседателот на Републиката во остварување на неговото уставно овластување со кое отпочнува постапка за избор на Владата. Поради тоа, Судот оцени дека ова дејствие, односно актот на Претседателот на Република Македонија за определување на мандатор за состав на Владата не претставува ‘пропис во смисла на член 110 алинеја 2 од Уставот на Република Македонија. Судот оцени дека не е надлежен да одлучува по барањето во иницијативата.

Ова значи дека нема никаква пречка мандатот повторно да биде доделен на истиот мандатар ако обезбеди мнозинство и го извести за тоа шефот на државата. Топката за одлучување не е само кај лидерот на СДСМ, Зоран Заев туку е и кај ВМРО-ДПМНЕ која може да формира мнозинство.

Бегањето на Зоран Заев од избори освен со слабеењето на неговите позиции и разобличувањето на неговите политики е поврзано и со секнување на парите од Сорос и сериозно набљудување за начинот на трошење на тие пари, како и неможноста СДСМ/Сорос повторно да ги злоупотребува парите за влијание на изборите и резултатот. Сорос е под силен притисок и обидите за финансирање на преврати во држави се чини дека повеќе нема да му успеваат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This