March 29, 2024, 10:03 am

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака да ги пролонгира локалните избори во страв од пораз

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека СДСМ во страв од соочување со граѓаните се обидува да го пролонгира рокот за одржување на локалните избори. Од СДСМ бараат, како што велат, еднаш да собере храброст и да ги стави државните интереси и приоритети над партиските. Локални избори, велат од партијата, треба да се одржат во најбрз можен рок, а парламентарни избори заедно со локалните.

133459723-120127

– СДС и парламентарното мнозинство мораат да овозможат непрекинато фунционирање на единиците на локалната самоуправа и во најбрз можен рок да изгласаат продолжување на мандатите на градоначалниците и советите на општините и градот Скопје, но и да се определи најбрз можен датум за одржување на локалните избори, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата потенцираат дека одржувањето на локалните избори, нема никаква врска со формирањето влада и оти СДСМ не треба и не смее да бара изговори за одржување на локалните избори, кои се редовни и неопходни.

– Пролонгирањето на локалните избори не е притисок врз претседателот Иванов, туку само обид да се купи време за локалните избори да не се одржат на почетокот на јули, од страв дека истите катастрофално ќе ги изгубат како последица на антидржавното делување на Заев и целиот врв на СДС. Пролонгирањето на локалните избори е и со цел да се создаде временски вакуум во за пазарење и можнии уцени врз ДУИ околу коалицисиот договор за влада, бидејќи ДУИ има 14 градоначалници, а СДС само 3. истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму потенцираат дека СДСМ треба да собере храброст и час поскоро да обезбеди датум за одржување на локалните избори, но и да собере храброст за во рамки на локалните да се одржат и предвремените парламентарни избори, кои би биле по волја на граѓаните.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This