Денес, до Претседателот на Собранието ги доставивме потписите и записниците од Иницијативата за донесување на закон за поништување на законот за попис, изјави Ѓорѓија Сајкоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
“Ние, како ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати укажавме дека имаме лош закон, штетен закон, што нема да ја прикаже реалната состојба на жители во Mакедонија.
Затоа, и преку собранието поднесовме четириесетина суштински амандмани со кои што требаше да се подобри текстот на законот. За жал, беа сите амандмани одбиени.
Исто така укажавме дека лошо е да имаме врзан потпис затоа што прави сомнеж врз самиот процес.
Укажавме дека никаде во светот нема попис на резидентно население, а да се попишуваат и нерезидентите односно граѓаните кои не живеат во Република Македонија.
Апелираме и укажуваме до власта, да прекине со постапката за попис бидејќи секаде во Европа и во светот, пописите се одложени за 2022 година.
Ја повикуваме власта да се одважи и да го одложи пописот за 2022 година, да направат забелешки во текстот на законот и да го подобри за да може да имаме онаков попис каков што е потребен за развој на државата, бидејќи сегашниот текст на законот за попис нема да донесе ништо што е различно од она што го имаме ние како државјанства во Република Македонија”, изјави Сајкоски.