ВНИМАВАЈТЕ АКО ПАТУВАТЕ: Врнежи од снег на Стража, Ѓавато и Пресека

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег има на Попова Шапка, во Крушево, Маврово и на планинските премини Стража, Ѓавато и Пресека.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од АМСМ потсетуваат дека доколку патувате задолжително треба да поседувате зимска опрема. Имено, од 15.11 2019 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2020 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This