ВОВЕДЕН ЗБОР НА ВИЛМА РУСКОВСКА: Катица влегла во филм и била aлчнa, Кичеец земал милион евра, Боки бил “умислен”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По кратката пауза поради здравствените проблеми на Бојан Јовановски продолжи првото рочиште за случајот „Рекет“. Продолжетокот на рочиштето започна со воведни зборови на Вилма Русковска која ја обвини Јанева дека влегла во филмот наречен „Чарлиеви Ангели“ и посочи дека од Специјалната јавна обвинителка можеби ќе слушнеме дека тоа што го направила го направила од наивност и немарност, но вистината е дека таа била алчна.

-Имаше еден филм, се викаше “Чарлиевите Ангели” и во тој филм влезе Катица Јанева. Можеби ќе слушнете дека тоа го направила од наивност и немарност, обвинителстовото ќе докаже дека тоа го направила од алчност и за тоа ќе презентираме несоборливи докази. Со тоа не само што ја злоупотребил функцијата на Специјален јавен обвинител туку што е многу поважно ја предаде довербата на народото. Со тоа не се посрамоти само себе си туку ја посрамоти и целата јавнообвинителска институција. Обвинителството ќе презентира несоборливи докази дека обвинетата Катица Јанева свесно и со умисла му изнесувала детали од предистражните и истражните постапки кои се воделе во тоа обвинителство кое нешто е спротивно со законот за кривична постапка, бидејќи тие постапки се службена тајна. За да може обвинетиот Бојан Јовановски од осомничените во тие предмети да бара огромни суми на пари, постапките против нив да завршат со условна казна на име на државата да се плати незначителен износ на пари, а во најдобар случај да бидат заштитени сведоци, вечи Русковска.

Според неа жртви во овој случај не се Камчеви туку граѓаните на Република Македонија.

-Добар дел од овие докази јавноста веќе ги слушна. Може ќе слушнете во текот на истрагата дека и Јордан Камчев и Ана Камчева први побарале и молеле за помош од обвинетиот Бојан Јовановски ама не е така. Преку обвинетиот Зоран Милевски, Бојан стапил во контакт со сведокот Ана Камчева. Какви биле тие средби, што се разговарало и каде се одржувале ќе слушнете од сведочењето на Ана Камчева. Ќе слушнете сведочења на бизнисмени за тоа колку пари им се барале. Ќе ги слушнете нивните сведочења и сигурна сум нема да ве остават рамнодушни како што не ме оставија ни мене. Тука не станува збор дали тие се виновни или не, станува збор за барање пари тие да не бидат виновни. Обвинетиот Зоран Милевски по прекар Кичевскиот ќе слушнете можеби дека се што направил е да му помогне на Јопрдан Камчев зошто го осеќал како брат. Ама не заборави да ја земе торбата со 1 милион евра, ќе се сложите иако е за брат многу е. И на крај сакам да потенцирам, жртви во овој предмет не се оние од кои се барани и земани пари, жртви во овој предмет сме сите ние граѓаните на оваа држава, додаде таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This