March 29, 2024, 10:08 am

ВОЗЕЛ ПИЈАН И ЛАЖЕЛ ПОЛИЦАЈЦИ: Поттрчкото на Оливер Спасовски, возел пијан и ги лажел „Алфите“ дека бил вработен во кабинетот на министерот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не престануваат аферите со партиските кадри вработени во министерствата во кои СДСМ има свои министри, кои наместо да се однесуваат согласно нивната функција, се државните институции се однесуваат како да се наоѓаат во штабот на Бихаќка

toni_angelovski

Последен во низата скандали е приведувањето на екс-новинарот во ТВ 24Вести кој по партиска заслуга беше вработен и назначен на местото началник за односи со јавност во минатиот мандат на техничкиот министер Оливер Спасовски, а во новиот унапреден во советник на министерот за односи со јавност.

Со зборовите „јас работам во кабинетот на министерот, нема потреба од присилно обезбедување сам ќе се јавам на рочиштето“, партискиот војник и поттрчко на Оливер Спасовски, екс-новинарот Тони Ангеловски издејствувал да не го приведат и повторно да избегне појавување на суд иако, во времето на приведувањето ниту бил во кабинетот на министерот, ниту Оливер бил на функција, туку бил началник на работно место во одделение во Идризово.

toni_angelovski_priveduvanje

Според наредбата за приведување на Ангеловски, се однесува за прекршок во сообраќајот, односно возење под дејство на алхохол.

Тони Ангеловски е поттрчко на Оливер Спасовски, што незаконски беше унапреден од страна на Оливер Спасовски во државен службеник.

Ај што возел пијан, ај што го фатиле, не отишол на судење, туку се дрзнал и ги лажел „Алфите“ дека уште бил во кабинетот на минстерот за да не го приведуваат, иако во времето кога била издадена наредбата Оливер не бил на функција.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This