ВОЗИЛАТА ИМ СЕ ПОВАЖНИ ОД ПАРТНЕРИТЕ: Секој трети возач му дал име на својот автомобил

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секој десетти Британец признава дека се грижи повеќе за неговиот четири тркала отколку за неговата сопруга или сопругот, додека една третина од возачите имаат навика да даваат имиња на своите автомобили.

Неодамнешното истражување спроведено меѓу возачите во Велика Британија од страна на „Шкода Велика Британија“ открива дека еден од седум сопственици на автомобили во таа земја го претпочита своето милениче на четири тркала пред неговите родители или браќа и сестри, пренесува Б92.

Истражувањето на 2.000 британски возачи покажа дека сопствениците ја изразуваат својата страст кон автомобилите на специфичен начин. Имено, третина од испитаниците признале дека им даваат имиња на своите автомобили .

АНКЕТА
Дали им давате прекари на вашите автомобили?

Да, автомобилот многу ми значи

Не, автомобилот е само машина

Понекогаш, но не кажувам никому

Од тој број, 29 проценти од нив го прават тоа затоа што се забавуваат, додека 20 проценти затоа што сметаат дека возилото изгледаше точно како да го заслужува тоа име.

Еден од десет рече дека името што му го дал на неговиот автомобил го потсетувало на специјална личност, додека 8% од нив го именувале своето возило по член на семејство или друга сакана личност.

Меѓу најчестите имиња се Бети, Фреди, Дејзи и Рози, но има и имиња на познати луѓе, како што се Елвис Присли, Харисон Форд, Бијонсе, како и прекари како што се Ѕверот или Зоро.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This