March 28, 2024, 10:07 pm

„ВОЛТ ДИЗНИ„ ГО КУПИ „ТВЕНТИ ФРСТ СЕНЧЕРИ ФОКС“ ЗА 71,3 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Филмскиот гигант ја зголеми империјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Волт Дизни Компани“ по една година од објавата дека се здружува со „Твенти Фрст Сентери Фокс“ и официјално jа финишира зделката за откуп на поголем дел од активите на филмскиот и телевизиски холдинг.

Висината на зделката изнесува 71,3 милијарди долари и симболично беше заокружена денес.

Гигантот „Дизни“, една од најголемите компании во филмската индустрија на САД, со ова го менува медиумскиот распоред на силите во однос на новите медиуми и станува еден од најважните конкуренти на „Нетфликс“ и другите стриминг компании. Компанијата годинава планира да го лансира свој стриминг сервис наречен „Дизни+“.

Под контрола на „Дизни“ сега ќе преминат филмските и телевизиски студија на „Твенти Фрст Сентери Фокс“, кабелските телевизиски канали на „Фокс“ и удел во стриминг сервисот „Хулу“. Компанијата, исто така, станува сопственик на популарните франшизи  „Икс-мен“, „Аватар“ и „Симпсонови“.

Според договорот, ТВ каналот „Фокс Њуз“ не е опфатен со зделката.

Првиот човек на „Дизни“, Роберт Ајгер истакна дека здружувањето на компаниите е „историски момент“ и дека зделката ќе ги подобри содржините продуцирани од „Дизни“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This