April 19, 2024, 10:48 am

Војник го гледаше раѓањето на ќеркичката на аеродром преку FaceTime, останатите патници го бодреа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Војниците секојдневно се жртвуваат за доброто на нивната татковина. Понекогаш, поради нивната служба ги пропуштаат и најважните семејни моменти.

Брук Линдси за малку ќе го пропуштеше раѓањето на ќеркичката поради одложен лет, но благодарение на FaceTime, тоа не се случи. Додека тој гледаше како се раѓа малата Мили, целиот аеродром гледаше во него и го бодреше.

За настанот, на социјалните мрежи раскажа Трејси Довер, една од патничките кои чекаа на аеродромот. Објавата брзо стана хит.

„Со овој војник летавме на истиот одложен лет за дома. Тој мораше да го гледа раѓањето на неговата ќерка преку FaceTime. Тој плачеше, а нас срцето ни се кршеше. Сите му отстапивме простор. Кога го слушнавме бебето како плаче, сите се радувавме за него. Сакам да го споделам ова, бидејќи не сакам никогаш да ги заборавам нашите војници кои ни служат секој ден и жртвите кои тие ги прават“ – напиша таа во описот на фотографијата.

Ова е неговата реакција, снимена преку FaceTime:

Еве и кратко видео од чекањето:

Емотивниот војник го одложувал качувањето во авионот и покрај повиците на персоналот и го привлекол вниманието на сите патници кои чекале заедно со него.

Сопругата на Брук, Хејли, подоцна на „Love What Matters“ раскажа дека поради висок крвен притисок и прееклампсија, морала да се породи порано од планираното. Таа веднаш побарала од Црвениот Крст да го ослободат нејзиниот сакан од должност, но првиот лет кој тој можел да го „фати“ бил дури следното утро. Тој морал да промени неколку летови за да стигне дома.

За среќа, неговиот последен лет бил одложен, па тој имал можност да го гледа раѓањето преку мобилниот телефон.

На војниците во САД не им е дозволено да ја напуштат службата за да присуствуваат на пораѓај освен ако пораѓањето не е со компликации.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This