Во автобусите на ЈСП нема ковид: Додека третиот бран на ковид коси, автобусите возат со капацитет над дозволеното

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради неспобноста на власта и министерството за здравство предводено од Венко Филипче да се справат со пандемијата за само два дена во Македонија има околу 3.000 заразени и околу 100 починати од КОВИД-19.

Додека сето ова се случува, надлежните убедуваат дека нема потреба од никаква дополнителни рестрективни мерки. Со ова укажување дека нема потреба од никакви дополнителни рестрективни мерки голем број на граѓани не се согласуваат.

Несогласувањата се поврзуваат со тоа што голем дел од нив посочија дека автобусите од јавниот превоз возат со капацитет над дозволено.

-Секојдневно одам на работа со автобус и навистина можам да потенцирам дека таму не се почитуваат мерки за заштита од коронавирусот. Иако од пред некое време автобусите од Јавното сообраќајно претпријатие информираа дека автобусите ќе возат со 70% капацитет, јас би констатиратала дека автобусите возат со полн капацитет односно повеќе од тоа што е дозволено, ни раскажа револтиран граѓанин кој посочува дека мерките во автобусите не се почитуваат.

Во врска со оваа проблематика се огласи и претседателот на комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов кој на својот Фејсбук профил праша дали Комисијата за заразни болести и понатаму не смее да предложи никакви мерки во врска со преполните автобуси од јавниот транспорт.

-Комисијата и понатаму не смее ништо да предложи во врска со преполните автобуси во јавниот транспорт? стои во статусот на Николов.

Само за потсетување, министерот за здравство Венко Филипче пред само неколку дена кажа дека нема потреба од никакви дополнителни рестрективни мерки.

-Очигледно е дека и сега мерките даваат резултати. Вака димензионираните мерки со затворени угостителски објекти по 21 часот, забраната за групирање во целото деноноќие, постепено ја олабавуваат ситуацијата. Заклучивме дека нема потреба од дополнителна рестрикција која не би имала некаков позначаен ефект од мерките кои сега се на сила, изјави Филипче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This