April 24, 2024, 10:13 am

Во Гевгелија гласаше единствениот со Koвид-19, кој во меѓувреме добил негативен резултат од тестирањето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во ОИК Гевгелија денеска во рамки на вонредните парламентарни избори своето демократско право ќе го оствари само еден гласач со Ковид-19, кој во меѓувреме добил негативен резултат од тестирањето, но бил претходно пријавен додека се наоѓал во домашна изолација.

Од ОИК Гевгелија соопштија дека покрај ова, денеска се врши дистрибуција на гласачкиот материјал до избирачките одбори и се прават последните подготовки за спроведување на мерките од протоколот за безбедно гласање во услови на пандемијата од Ковид-19. Истите активности се спроведуваат и од страна на општинските изборни комисии во Богданци, Дојран и Валандово каде за денеска нема пријавени гласачи со Ковид-19.

Утре во четирите општини од југоисточниот регион ќе гласа вкупно 361 граѓанин, пријавени како болни, стари и изнемоштени лица. Најмногу од нив,или вкупно 185 се во општина Гевгелија, 83 во општина Богданци, 63 во општина Валандово и 30 во општина Дојран.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This