April 23, 2024, 12:01 pm

Во Грција прв cмpтен случај од Западнонилска треска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пациент со претходни здравствени проблеми и возраст од над 80 години е првиот регистриран смртен случај во Грција од вирусот Западно нилска треска, додека пак во земјата се дијагностицирани вкупно десет зaразени лица.

Според седмичниот извештај на Националната организација за јавно здравје на Грција, од десетте потврдени случаи, пет се хоспитализирани, четворица пациенти биле отпуштени од болниците, а еден почина.

Првите два случаи на Западен Нил во Грција беа регистрирани на 19 јули кога Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти дека случаите, со оглед на тоа што речиси секоја година во текот на летото и есенските месеци, „се појавуваат случаи во разни области (и) во Грција“, се очекувани во актуелниот период.

Според официјалните податоци, вирусот во земјата е присутен од 2010 година, а заклучно со лани, во периодот 2010-2019 година биле регистрирани вкупно 1.216 случаи и починале 170 лица.

Во 2015 и 2016 година не бил регистриран ниту еден случај, а најмногу заразени и смртни случаи имало во 2018 година – 317 случаи и 51 починат.

Минатата година биле регистрирани 227 случаи, а починале 35 луѓе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This