(Во живо)СО ХЕЛИКОПТЕРИ ПО РУЧЕЦИ, НЕ СЕ ВЛЕГУВА ВО НАТО: „Пали хеликоптерот, одиме на ручек“ – така во НАТО не може!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нека не се залажуваат со онакви прослави како онаа вчера, на која учествуваа прелажани уметници, на кои треба да славиме дека сме влегле во НАТО и ЕУ, а всушност сме многу далеку од нив, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Кавадарци, каде што ВМРО-ДПМНЕ во рамките на Лето за Македонија по протестните маршеви во Битола и Струмица, го организира третиот протестен марш.

-Во НАТО и во ЕУ не лажат пејачи да дојдат да свират демек на културна манифестација, па после испаѓа дека свират за политички цели, во ЕУ и НАТО не местат тендери за членови на владата или за браќа на премиерите, во ЕУ и НАТО не се возат со воени хелихоптери по приватни ручеци и вечери, во ЕУ и НАТО нема да видите ослободени криминалци или аболирани премиери, нема да видите како градоначалници со комбе шверцуваат цигари…затоа да не се лажеме….далеку сме од ЕУ и НАТО. Колку сака Заев нека глуми радост нека бацува пенкала на еден непристоен начин, колку сака нека се лажат и надлажуваат тој, Димитров и Шеќеринска, но факт е за да влеземе во ЕУ и НАТО прво треба да се смениме самите ние, да размислуваме и делуваме европски, а за тоа да почне треба да дојде една нова генерација на политичари односно прво треба да раскрстиме со политичарите како што се овие во Владата.

Она што се случува во дипломатијата, нагласи Мицкоски, е само финалето на тој тотален хаос кој се продуцира во секоја сфера од животот. Во економијата, во здравството, образованието, земјоделието.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This