Во земја со над 7 милиони заразени Претседателот ја исмева „Фајзер“ вакцината

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бразилскиот претседате Жаир Болсонаро не го поддржува глобалното брзање за купување и дистрибуција на вакцината против коронавирус.

„Брзањето не е оправдано”, рече Болсонаро во видео снимка што вчера беше објавена на социјалните мрежи од еден од неговите синови.

-Тоа е мешање во животот на луѓето, рече бразилскиот претседател.

Коментарот доаѓа откако бразилскиот лидер, кој од почетокот на пандемијата го минимизираше коронавирусот, пред три дена ги критикуваше производителите на вакцини „Фајзер” и „БиоНТек”, со што се чини ги разгоре стравувањата на јавноста за потенцијалните несакани ефекти на вакцината.

  • Договорот јасно наведува дека „Фајзер” не е одговорен за штетните реакции. Доколку се претворите во кајман, тоа ќе биде ваш проблем, изјави тој, смеејќи се.

Во оваа најголема земја во Латинска Америка, со население од 210 милиони лица, досега има повеќе од 7 милиони заразени со коронавирусот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This