ВО МАКЕДОНИЈА ЗАПОЧНА „СПЕЦИЈАЛНА ВОЈНА“: Што се случува пред одлучувачката битка на 30.септември!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На референдумското прашање „дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“, позитивно би одговориле 41.5% од испитаниците, додека против би биле 35.1%, покажуваат резултатите од истражувањата на јавното мислење кои за Македонскиот центар за меѓународна соработка ги спровела агенцијата „М Проспект“

Според овие резултати, 66.4% од анкетираните би излегле на референдум кој е закажан за 30.септември во Македонија, 19.8% од испитаниците ќе го бојкотираат, додека 11.9% од анкетираните сеуште не донеле одлука дали ќе излезат на гласање.

Меѓутоа, аналитичарот Александар Митовски, резултатите од оваа анкета вели дека треба да се земат со резерва, бидејќи како што наведува, агенцијата која го спровела споменатото истражување во минатото соработувала со партијата на Зоран Заев, додека СДСМ беа во опозиција, а самиот Заев во два наврати доби награда од нив за најуспешен менаџер во југоисточна Европа.

„Нашата Влада неодамна нарача едно друго истражување на јавното мислење, кое покажа дека 91% се против влез во НАТО со променето име, а околу 80% од Македонците ќе го бојкотираат референдумот. Резултатите од ова истражување го криеа месец дена, па оваа анкета која сега е објавена, можам да ја толкувам како најава дека ќе се манипулира со резултатите од реферндумот“, оценува Митовски.

Тој се повикува на истражувањата на други истражувања кои ги смета за далеку порелевантни и тврди дека излезноста на референдумот ќе се движи од 28 до 33%.

„Тоа е околу 14 или 15% од албанското население во Мкаедонија и највеќе 20% од оние кои се тврдокорни провладини активисти или луѓе кои добија работни места или некоја функција. Во Македонија, освен владејачката партија СДСМ и ДУИ, не постои ниту една друга политичка сила која го поддржува референдумот, па овие две партии никако не можат во септември на гласањето да изведат околу 70% од граѓаните и тој референдум да биде успешен. Тоа би било возможно само ако ги наместат резултатите по шаблонот на оваа последна анкета која ја објавија“, категоричен е Митовски.

Како што вели, на референдумот треба да излезат 910.000 гласачи, и сите тие мораат да гласаат „За“, како референдумот би бил прогласен за успешен.

„Во Македонија нема повеќе од 200.000 Албанци, а да кажеме дека на тоа уште 250.000 би гласале „за“. Меѓутоа тоа е само половина од бројката која на властите им е потребна за да успее референдумот. Што значи, судбината на земјата е во рацете на Македонците. Знаете, септември е месец кога се прави зимница, а 30. септември е одличен датум за правање ајвар“, порачува Митовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This