ВО ПАРИЗ ЌЕ СЕ ГРАДИ ТРЕТАТА НАЈВИСОКА КУЛА, ПРВА ПО 1973: Триаголната кула доби одобрение за да започне со изградба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Административниот суд во Париз одобри изградба на првиот облакодер после 1973 година кој ќе биде лоциран во јужниот дел на Париз.

Станува збор за Триаголната кула (Tour Triangle) со 41 кат која ја осмислила швајцарската компанија Херзог & де Мерон и ќе биде изградена во 15-от арондисман, јави интернет страницата „Урбан дивелопер”.

Контpoвepзниот проект архитектите на Херзог & де Мерон првпат го претставија во 2008 година и многу бргу наидоа на ocтри кpитики – локалните жители тврделе дека зградата ќе ги засени, а политичарите дека дизајнот е нeoдpжлив.

Амбициозниот проект за зградата првпат беше отфpлен кон крајот на 2014 година, а потоа во 2015 година со тесно мнозинство го усвои Советот на Париз после неколку измени.

Проектот потоа беше отфpлен откако три асоцијации во соседството – СОС Париз, Француската природна средина Иил-д-Франс и асоцијацијата за Складен развој Порт д Версај, покренаа повлекување на одобрението.

Од изградбата на кулата Монпарнас, во Париз не е изграден ниту еден облакодер.

Облакодерот висок 180 метри ќе има хотел со четири ѕвезди со 120 соби, канцелариски простории и културни објекти.

Изградбата би требало да почне кон крајот на годинава, а да заврши за Олимписките игри во 2024 година.

Кога ќе биде изградена, Триаголната кула ќе стане трета највисока зграда во Париз после Ајфеловата кула висока 324 метри и Кулата Монпарнас висока 209 метри.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This