ВО ПЛАНОТ НА ЗАЕВ НЕМА МЕСТО ЗА МАКЕДОНЦИ И МАКЕДОНИЈА: Заев вели „да кажеме ДА за нашата иднина“, но според капитулантскиот договор во таа иднина нема место за Македонија и за Македонците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев ја злоупотребува власта и позицијата и упорно лажно ја убедува нацијата да ја прифати капитулацијата како опција за иднината. Но, Заев не кажува за чија иднина зборува? Може ли да се зборува за иднина без минато? За Заев се е можно, само да си го продолжи рокот од соочување со правдата, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Додека на сила се обидува да се протне овој капитулантски договор во уставниот систем, Зоран Заев започна кампања за лажење за неизбежноста на капитулацијата. Оваа кампања Заев ја започна пред воопшто капитулантскиот договор да биде ратификуван и пред да се донесе било каква одлука за распишување на референдум. Тоа е класична злоупотреба на системот и доведување на граѓаните во заблуда. Но, тоа е и доказ дека Заев е свесен дека граѓаните се противат на неговиот договор. Заев вели „да кажеме ДА за нашата иднина“. Но, Заев не кажува дека според капитулантскиот договор, во таа иднина нема место за Република Македонија, нема место за Македонците, во Заевата иднина нема место за македонска историја, нема место за македонска традиција, нема место за македонското сонце, нема место за МАНУ, за МНТ, за МРТ, за Танец, рече Стоилковски и додаде:

„Во своите памфлети Зоран Заев нема ниту збор за комисиите за менување на сета историја која сега се темели на научни факти, наоди и докази. Со други зборови, Зоран Заев во своите памфлети не кажува ниту збор за тоа што прифати од Грција, а тоа е систематско бришење на секоја трага на постоењето на Македонија. Таканаречениот Договор е капитулација на македонската наука, на македонската самосвест, на македонското постоење. Таква капитулација е неприфатлива за македонскиот народ, за македонската опозиција, за македонската наука, за македонскиот претседател. Таква капитулација се коси со вековната борба за самостојност и придобивките од неа запишани во документите од Илинденското востание, Асномскиот манифест, создавањето на независна и суверена Република Македонија“.

Овој, подвлече портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, капитулантски личен договор на Заев за укинување на Македонија не треба да заживее.

-ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во негово спроведување, а секаков обид за негово спроведување на сила ќе носи и одговорност. Македонија нема да потклекне, Македонија ќе победи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This