Во Црна Гора само еден новозаболен од коронавирус во последните 24 часа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Црна Гора е регистрирано едно лице заболено од ковид 19, а станува збор за увезен случај и лице кое е во изолација, објави Институтот за јавно здравје на Црна Гора (ИЗJЗЦГ).

Црна Гора го прогласи крајот на епидемијата на коронавирус на 2-ри јуни, откако немаше регистрирано случаи на ковид 19 во претходните 28 дена.

Во соопштението се наведува дека ова е увезен случај, дека лицето престојувало во Босна и Херцеговина минатата недела и дека тој останал во самоизолирање од превентивни причини и на свое инсистирање.

Се додава дека епидемиолошкото истражување е во тек и дека првите податоци укажуваат дека бројот на контакти на ново заразено лице бил „минимален“.

„Лабораториите на Институтот за јавно здравје извршија 128 анализи за новиот вирус на корона во текот на викендот“, наведува ИЗJЗЦГ, пренесува Бета.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This