Во peжимско време kpвничка ceча на дрва во стpoг Центар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Kомуниколог и медиумски аналитичар и жител на Аеродром, Жанета Трајковска жестоко ја критикуваше сечата на држава во строгиот центар на градот Скопје, каде Богдановиќ со решение на Град Скопје како што вели таа во режимско време спроведоа крвничка сеча на дрва.

-Што направивте вие денеска за Македонија? Општина Центар и Саша Богдановиќ со помош на решенија од град Скопје, тивко, без најава, како во режимско време го направија НАЈДОБРОТО за општината. Секое постаро и подебело дрво со широка и висока крошна го исекоа!!! Крвнички, без да најават, злосторнички оти немале чиста намера! Намерно ја соголија улицата за да покажат моќ и да се одмаздат на жителите. Со неколкуте суви дрва ги УБИЈА и најубавите високи дрва кои ја правеа Орце една од најубавите улици во Центар.

Ја убивте Орце! Не забетониравте и ќе не угушите нас кои живееме во околината и сето тоа го направивте ПОДМОЛНО И РЕЖИМСКИ.

ЛАЖЕВТЕ дека НИТУ ЕДНО ДРВО НЕМА ДА СЕ СЕЧЕ! Лажевте додека ни се подсмевавте на глупоста дека ете мислиме некој барем малку се грижи за зеленилото.

Драги медиуми, начинот на кој се уништи оваа улица и на кој ни се одзема можноста да живееме со малку повеќе воздух треба да ни е тема денеска, утре, секогаш!

СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија Начинот на кој уништивте цел кварт, крвнички скривајќи се зад некакви решенија на некакви си органи само покажува какви сте!

Има разлика, во право сте! Полоши сте од другите! Помизерни во начинот и поподмолни во извршувањето.

И нема да заборавиме за крвничкиот злостор кој до направивте денеска! Никогаш! Бидејќи ни посеавте отров и ни го скративте правото на малку воздух, пишува Трајковска на Фејсбук.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This