ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Денес облачно со дожд, утре пеколни температури

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И денеска времето како вчера, облачно со повремен локален дожд и умерен ветер од северен правец, особено изразен во долж Повардарието каде повремено ќе засилува. Ова е временската прогноза за денеска во Македонија, пред најавениот топол бран.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 30, Маврово 24, Охрид 27, Битола 30, Кавадарци 33, Крива Паланка 28, Берово 27, Дојран 36 Целзиусови степени.

УХМР најави дека не очекува пеkолно време од среда. Од УХМР информираат дека зголемена облачност со локални врнежи и дожд ќе има уште денеска, а од среда следува период на многу топло време.

Во среда и четврток попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд со грмежи.

Почитувајте ги препораките кои се издадени за еkстремни топли температури
УВ индексот ќе биде 9, а температурите до 40.

Од утрешниот ден повторно почнуваат да важат препораките за екстремните температури во земјава.

Граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури со оглед на најавите дека Македонија ќе биде зафатена од жолта (алертна) фаза, апелира Министерството за здравство.

Носење светла и лесна облека, заштитни очила и капа, престој во затворени, климатизирани простории или почести одмори под сенка доколку се излегува надвор, внесување помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку маснотии, пиење повеќе течности, најдобро обична вода, и избегнување алкохолни пијалаци,…, се само некои од препораките на лекарите кои посебно нагласуваат дека хронично болните лица треба редовно да ја земаат препишаната терапија.

Исто така, возилата, одредено време пред влегување во нив, да се проветрат.

Поради високите температури и зголемената можност од појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје), како и термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката (доколку тоа не се направи, подготвената храна да се стави во фрижидер на + 8 степени, а пред употреба истата да се загрее на + 100 степени). Се препорачува да се избегнува консумирање производи кои не се термички обработени (мајонез од домашни јајца), а внимателно да се консумираат и сладолед и разни кремови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This