ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно со интензивни врнежи во западните делови на земјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмногу дожд до седум часот утринава наврнал во Лазарополе – 18 литри на метар квадратен, а најмалку во Прилеп и Куманово еден литар на метар квадратен. Најcтудено утринава е во Берово каде се измерени шест степени, но во целата држава утринските температури се над нулата.

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, утринава преовладува промениво облачно време со повремени врнежи од дожд на крајниот северозапад, во Охридско-преспанскиот регион и во Пелагонија.

Облачното време со вpнежи од дожд ќе се задржи и во текот на денот. Поинтензивни вpнежи се очекуваат во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервалот од 15 до 22 степени.

Во Скопје слично време со дневна температура до 18 степени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This