Време: Претпладне облачно, попладне разведрување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето во Македонија претпладне променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови врнежите ќе престанат, а облачноста значително ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен слаб дожд, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Од петок и во следните денови утрата ќе бидат студени со услови за појава на магла по одделни котлини, а преку денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This