Време: Променливо облачно и до 30 степени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне со повеќе сончеви периоди. Ќе има појава на краткотраен локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од Скопската котлина ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 26 степени.

Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а тогаш ќе почне да дува и умерен до засилен јужен ветер, кој ќе се задржи и во следните денови. Под влијание на влажен бран во сабота ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и силен ветер. Температурата значително ќе се намали. Во недела и понеделник ќе биде променливо облачно и се уште ветровито со појава на локални врнежи од дожд.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This