ВРИЕ ВО СКОПСКИ ПАЗАР: Вработените немаат земено плата цели три месеци!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веќе три месеци вработените во Скопски пазар се без плата. Велат дека се во долгови и дека едвај се снаоѓаат, откако последен пат биле исплатени во декември. Компанијата не им исплатила ниту придонеси, па мораат приватно да плаќаат скапи здравствени услуги.

Вчера вработените се сретна со раководството на компанијата за да побараат исплата на заостанатите примања, но од состанокот излегоа разочарани. Не добиле уверување дека наското ќе го добијат заработеното, а од директорите немало подетално објаснување околу причините за доцнењето на платите.

Работниците од Скопски пазар поставија рок до први април да започне исплатата на придонесите за здравствено осигурување, а до 15 април да им се исплатат сите заостанати плати.Тие велат дека знаат оти компанијата е во долгови кон банки и добавувачи и дека досега имале трпение, но морале да се побунат затоа што и самите се заглавени во долгови.

„Имавме состанок затоа што немаме плата редовно, затоа што немаме здравствено осигурување. Им поставивме услов да започнат со редовна исплата на приходите, како и на осигурувањата затоа што некои од нас се болни, а некои имаат и болни деца. Ете тоа го барамe“, изјави за телевизија Телма (http://telma.com.mk/skopski-pazar-gi-ostavi-vrabotenite-bezredovna-plata-i-pridonesi/) еден од вработените присутни на состанокот со раководството на Скопски пазар.

По состанокот, компанијата извести дека имале потешкотии со својата малопродажна мрежа преку која трпеле тешки загуби и затоа кон крајот на минатата година била донесена одлука за затворање на малопродажната мрежа и издавање на просторот на други закупци од истиот бизнис.

„Поради ова се јавија доцнења на платите, но поради редукцијата на трошоците очекуваме финансиската состојба и исплатата на личните доходи за брзо време да се стабилизира“, пишуваат од Скопски пазар.

Компанијата, која некогаш важеше за лидер на пазарот и имаше развиена мрежа на супермаркети, започна со продавање и издавање на десетици свои атрактивни недвижнини во обид да „исплива“ од милионските долгови. Според последниот финансиски извештај на СП, во 2017 година фирмата потрошила дури 82.5 проценти од оперативната добивка на отплата на камати за кредити и заеми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This