March 28, 2024, 12:51 pm

ВРХОВЕН СУД ЌЕ ГИ „ПЕГЛА“ НЕЗАКОНСКИТЕ ОДЛУКИ НА АПЕЛАЦИЈА: Под притисок на СДС, СЈО и дипломатски претставници донесени незаконски одлуки!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скопска апелација исклучиво се стави во функција на СЈО отфрлајќи ги сите аргументи на одбраната на тројца обвинети во предметот „Таргет“ и „Тврдина“. Токму тоа целосно отфрлање без издржан правен аргумент ја потврдува приклонетоста на апелација кон политичкиот прогон кој што го спроведува СЈО, пишува Република.

 

Иако биле разгледани наводите во одбраната на Никола Бошковски, дека кривичното дело кое наводно го сторил обвинетиот, било сторено во период во кој не е надлежно да постапува СЈО; дека предметот „Таргет“ е споен со предметот „Тврдина“, без бранителите и обвинетиот да добијат известување за завршена истрага, со што на обвинетиот му било повредено правото на одбрана; дека Бошковски и претходно знаел за постапката, но ниту избегал ниту е криел; како и дека тој е разрешен од функцијата со што паѓа во вода делот за влијание врз сведоците, заради што и претходно е одбиено барањето за притвор, сепак скопска апелација потпаѓа под влијание на СЈО и се сложува со најстрога мерка за обезбедување присуство.

Не се земени предвид ниту правните аргументи на одбраната на Тони Јакимовски, дека опасноста од бегство не постои. Притоа одбраната укажала на спротивен момент на тврдењето на обвинителството, дека наводната штета од 10.000.000,00 евра со вештачење извршено без присуство на обвинетиот и бранителите, на крајот се свело на 1.400.000,00 евра, а во текот на контрадикторна постапка износот ќе се намалува. Апелација не било важно ниту тоа што ЈАкимовски е вработен надвор од границите на Р.М., како генерален директор во координативен центар на 12 полиции и на 12 царини од кое тело се спроведува законот.

Определувањето на притвор за Јакимовски, човек со висока позиција, но и висока чест за државата, се руши и државното влијание и неговиот личен интегритет. За апелација при спроведувањето на агендата на СЈО  не било важно тоа што Јакимовски откажува важни состаноци за да се вати од САД за да присуствува на јавната седница; ниту фактот кој што одбраната го навела во врска со влијание врз сведоци, дека во тој случај на сите обвинети лица во некоја постапка, треба да им биде определена мерка притвор. Иако обвинението се однесува на документи кои не можат да се променат, со што се побива можноста за влијание врз сведоци, Апелација се одлучува за притвор заради можност од бегство заради  „околностите во врска со делата за кои се обвинува“ а како образложение наведува и поседување на дипломатски пасош, но и дека „нема силни семејни врски“ што би ја намалиле таа можност.

Одбраната на Горан Груевски пак, посочува дека се непотврдени сите информации кои обвинителството ги има дека обвинетиот врши влијание на сведоци., односно дека иако СЈО во жалбата наведува аргументи за потребата од притвор, сите информации се непотврдени и не може да бидат аргумент што обвинетиот би правел во иднина. Со тоа се прави обид по завршена истражна постапка и по поднесен обвинителен акт за кој допрва треба да се расправа дали обвинетиот ги сторил делата, да се прејудицира одлука. Сведоците треба да бидат сослушани во контрадикторна постапка и тогаш може да се утврди дали обвинетиот вршел влијание. Не може да се тврди дека поради тоа што во текот на своето работење имал контакт со многу лица може да биде околност за влијание. Нема опасност од бегство ако се тврди дека обвинетиот има многу роднини во Р.М. Ниту видот и тежината на делата неможе да претставува околност која се цени како опасност од бегство, ниту пак е издржано по однос на повторување на делото од причина што нема допир со техничките средства. Обвинетиот не дал повод за сомнеж зошто не се јавил веднаш во обвинителството, а поради тоа што не се јавил на повик при првото повикување не е околност за опасност од бегство и криење поради тоа што по 12 часа самиот се јавил, посочува обвинителството. Сепак апелација цени дека тоа што обвинетиот поседувал имот и многу роднини и познанства во државата, тој би можел да се даде во бегство.

Решенијата од Апелација не се конечни. Тоа е наведено и во решенијата, дека одбраната има право на жалба. Жалбата пак, според македонските закони во вакви случаи има суспензивно дејство, односно, изречената мерка нема да се спроведе се од потврдување од повисока истанца. Македонскиот устав предвидува двостепеност на одлуките, односно предвидува право на засегнатите одлуките донесени од една истанца да се проверат од  страна на повисок степен.

Всушност, по ваквите одлуки на скопска апелација, за која аргументите на одбраната се небитни наспроти барањата на СЈО, сега тројцата обвинети имаат право на проверка на ваквите одлуки пред Врховниот суд. Се додека тој не се произнесе, решенијата за притвор на Грујевски, Јакимовски и Бошковски не се во сила.

Но, тука следува моментот на притисок од медиумите под контрола на социјалемократите, иста форма на притисок под каков што потпадна Апелација за преиначување на мерките определени во претходна постапка.

 

 

Веднаш по разбирањето дека за спроведување на решенијата за притвор ќе се чека одлуката на Врховен, но и свесноста дека одлуките на апелација не држат и се донесени под притисок, медиумски, но и политички, заради што во целост се стави на страната на СЈО во неговиот политички прогон, заевиот медиумски клан започна притисок за потврдување на притворот. И сето тоа бидејќи Врховен суд ќе ги корегира недоследните одлуки на Апелација.

Така, Дојче веле, македонската редакција која за цело време на политичката криза беше алатка на на заевистичко- соросовата војска, а која постојано се противеше на притворот како мерка, сега притиска да се прескокне македонскиот Устав и загарантираните права и притворот да биде неодложен. Како и секогаш, повикувајќи се на извори и експерти чија што заднина покажува иста наклонетост за политичка хајка наспроти правдата и законите, сега посочува дека „додека трае жалбената постапка и натаму постојат основите и околностите поради кои е одреден притворот – опасност од бегство, влијание врз сведоци или повторување на делото“.

Во таа насока и медиумите на Бранко Героски, познат медиумски извршител на желбите на заевистичкиот клан, денеска бара притворите да почнат веднаш и да бидат спроведени без да се почитува законот.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This