ВРХОВЕН ЌЕ ОДЛУЧУВА УТРЕ: Задоцнетата одлука по жалбите на Мукоски, Василевски и Чавков ќе се носи утре

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одлуките за притворите на пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски и уште десетина осомничени за „крвавиот четврток“, најверојатно ќе бидат објавени утре. Ова го најавува за Телевизија 24, првиот човек на највисокиот суд во земјава, Јово Вангеловски. Претседателот на Врховен вели со постапката не се доцни, иако роковите се пробиени. Додава дека се работи за комплициран предмет.

„Судот не доцни со решение, туку се работи за сложен предмет за кој не може да очекувате да има брза одлука. Предметот е во судот помалку време отколку што беше во Обвинителството. Одлука најверојатно ќе има утре” – изјави за Телевизија 24, претседателот на Врховниот суд.

Адвокатите на осомничените кои испратија повеќе од 15 жалби велат дека судот неосновано го „гази“ законскиот рок и ја одовлекува целата процедура. Апелираат до врховните судии да се донесе одлука што побрзо, бидејќи како што велат, тоа е клучно за процесот да се придвижи кон побрз епилог. Одлуката на Врховен ја чекаат и оние што се во Шутка, но и осомничените во куќен притвор.

Адвокатот на пратеникот Јохан Тарчуловски кој е во домашен притвор од 5 декември во телефонски разговор вели нема основ да се продолжат притворите. Приговара дека доцнењето на одлуките од врховен, прави голема штета врз осомничените кои со денови се во неизвесност.

„Врховниот суд требало одлуката да ја донесе во рок од 48 часа како што е предвидено со закон. Со оглед дека се работа за притворенички предмет, Врховниот суд е обврзан што поитно да донесе одлука, бидејќи со тоа на обвинетите им е ограничено правото на движење“, вели Антонио Апостолски

Врховните судии треба да одлучат дали Шутка ќе ја напуштат пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и екс-министерот Митко Чавков. Осомничените се жалат на условите во притвор и бараат поблаги мерки. Во меѓувреме, обвинителството го пишува обвинението за 35 лица осомничени за случајот со крвавиот упад во Собранието. Се очекува обвинителниот акт да биде поднесен наредните десетина дена. Како што потврдија од обвинителството за тв 24 истрагата е затворена а сите се осомничени за едно исто кривично дело, терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Неизвесно е дали истото дело ќе биде напишано за сите и во обвинителниот акт, кој ќе ги однесе во судница.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This