March 29, 2024, 10:10 am

Вучиќ си „гaзи“ на сите избори во Србија со проектите на Никола Груевски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По пример на Македонија, Србија го започнува проектот „Засади Дрво“ со кој српската држава неколку пати во годината ќе организира масовно садење на дрвја во земјата под слоганот „засади иднина“.

– На акцијата се одзвав затоа што мислам дека поголемиот дел од својот живот живеам на оваа наша земја и константо ги трошам нејзините ресурси кои таа ги има без многу да размислувам. Ова само беше прилика нешто да дадам за возврат – вели Никола Сичевиќ, еден од учесниците во масовното садење на дрвја.

– Едно нешто научив во животот, а тоа е дека ако еден човек засади три дрвја во текот на својот живот, тој се оддолжил за кислородот што го потрошил во текот на целиот негов живот.

Ваквата акција во Србија се спроведува по примерот на акцијата „Засади зелено, засади иднина“ која ја спроведуваше владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски. Акцијата беше прекината веднаш по доаѓањето на СДСМ на власт под обвинение дека била „криминална“.

Српската Напредна Странка, влдејачката партија во Србија чиј лидер е Александар Вучиќ веќе со години победува со драстични разлики на изборите токму поради превземањето на проектите од програмата на ВМРО-ДПМНЕ до 2016. година.

Освен „Засади иднина“, во Србија се спроведуваат и сериозни проекти по примерот на Македонските како отворањето на слободни економски зони, компјутер за секое дете, субвенции за земјоделците, субвенции за многудетни семејства, ослободување од даноци на различни категории на компании итн.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This