April 20, 2024, 12:52 am

Вojcката му спpeма пyч на Тpaмп: Heма да ги пoчитyва нapeдбите за спpaвyвaње со нeмиpитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Високи претставници на одбраната во САД разговарале за оставка доколку претседателот Доналд Трамп ѝ нареди на американската војска да ги задуши сите немири до изборите во ноември, објави „Њујорк тајмс“.

Армијата е загрижена дека Трамп ќе се обиде да ја користи војската против американски граѓани кои ќе протестираат против него доколку се обиде да остане на власт по евентуалниот пораз на изборите на 3 ноември.

Весникот нагласува, повикувајќи се на неколку извори во Пентагон, дека таквиот потег може да доведе до оставка на генералите од тимот на Трамп, вклучувајќи го и генералот Марк Мили, претседател на Советот на началници на ГШ.
Џон Ганс од МО во администрацијата на Барак Обама за весникот изјави дека е загрижен дали војската е навистина подготвена да се спротивстави на наредбите на претседателот.

„Пентагон има планови за војна со Канада и зомби апокалипса, но нема план во случај на спорни избори. Ова се големи прашања што влијаат на угледот на институцијата“, истакна тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This