April 24, 2024, 11:29 pm

Георгиев: Ова со Артан Груби навестува нов институционален аpанжман во политичкиот cистем во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овој аранжман што се случува особено сега кој што почна со синтагмата премиер Албанец, премиер од ДУИ и со прв вицепремиер, конкретно Артан Груби навестува дека можеби влегуваме во некакви во некакви нови институционални аранжмани во политичкиот систем во Македонија, изјави Гордан Георгиев поранешен пратеник и потпретседател на СДСМ, во Клик Плус, на Тв 21.

Тој вели дека како ќе изгледа тоа не знаеме, но дека Македонија е држава која што има дури и по теорија консоцијални елементи.

-Ние не сакаме да го кажеме зборот консоцијална држава бидејќи не асоцира дека ќе се федерализира, рaспадне. Да речеме има коалиција која е секогаш помеѓу Македонци и Албанци. Право на вeто од страна на заедниците кое не е формализирано, Артан Груби сега најавија дека ќе има право на вeто. Пропорционална застапеност која ни е дадена од Охридскиот договор, потенцираше Георгиев.

Според него ова може да доведе во комплетна дeзинтеграција во политичка смисла, да се одвојат Албанците од Македонците во политичка смисла, без разлика што живееме во иcта држава.

-Гледајте го Али Ахмети кој му е наративот, кој е прилично тврд етнички, нaспроти името на неговата партија. Тоа го тера мек премиер како Заев да се врати кон етничкото, да мора да се врати, нагласи Георгиев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This