Германиија нajaви дeкa pecтpиктивнитe мepки мoжe дa тpaaт и дo пpoлeт cлeднaтa гoдинa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германските власти најавуваат дека рестриктивните мерки кои претставуваат делумен „локдаун“ можеби ќе треба да се продолжуваат до пролетта 2021 година ако не се стави под контрола ситуацијата со нови случаи со ковид.

Министерот за економија Питер Алтмаер во интервју за „Ди Велт“ вели дека не може да се каже дека се справиле со вирусот додека бројот на новозаразени е повеќе од 50 на 100 000 жители. 

-Ни претстојат долги три до четири месеци. Моно е мерките да останат во сила и во првите месеци од 2021, изјави Алтмаер.

Неговата предупредувачка изјава за состојбата со ковид-19 доаѓа откако пред два дена германската канцеларка Ангела Меркел соопшти дека се договорила со лидерите во 16 германски сојузни држави да се продолжат мерките до 20 декември со можност за нивно пролонгирање и до јануари.

За да се стави под контрола вирусот и да се запре неговото ширење, од Светската здравствена организација (СЗО), сметаат дека е потребна вакцинација на 60 до 70 проценти од населението.

-Стапката е утврдена врз основа на неколку студии, изјави вчера Кетрин О’Бријан, шеф на одделот за имунизација на СЗО, на прес-конференција во Женева.

Меѓутоа, О’Брајан истакна дека вистински потребната стапка на имунизација за оваа пандемија ќе биде појасна откако ќе се знае повеќе за вакцините што сега се тестираат.

Последните податоци за состојбата со коронавирусот во светот покажуваат дека бројката на инфицирани од почетокот на пандемијата надмина 62 милиони.

Според „Ворлдометар“, моменталниот број е 62 048 552. Од нив, починале 1,4 милиони, нешто помалку од 43 милиони се излекувале, а број на активни случаи е околу 17,8 милиони.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This