Германија го надмина бројот на 100.000 смртни случаи од Ковид…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германија стана петтата земја во Европа која ја надмина бројката од 100.000 смртни случаи од Ковид-19 од почетокот на пандемијата, покажуваат официјалните податоци објавени денеска.

Германската агенција за контрола на болести објави дека евидентирала 351 смртен случај од коронавирусот во последните 24 часа, а вкупниот број е 100.119.

Во Европа, Германија е петта земја што ја надмина таа бројка, по Русија, Велика Британија, Италија и Франција.

Институтот Роберт Кох, федерална агенција која собира податоци од околу 400 регионални здравствени канцеларии, соопшти и дека Германија забележала рекорден број на новозаразени во последните 24 часа – 75.961 лица.

Од почетокот на пандемијата во таа земја се регистрирани вкупно 5,57 милиони случаи на заразени со коронавирус.

Поради скокот на бројот на заболени, новата германска коалиција која треба да формира влада вчера најави формирање на нова постојана експертска група која ќе ги советува официјалните лица како да се справат со пандемијата.

Болниците предупредуваат дека бесплатните кревети во одделенијата за интензивна нега исчезнуваат, а некои болници во јужниот и источниот дел на земјата почнаа да ги префрлаат пациентите во други региони.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This