Германските ученици се вратија во училишните клупи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Десетици илјади училишни деца денеска се вратија во училиштата во северна Германија.

Мекленбург-Западна Померанија е првата од 16 германски држави која ги прекина летните одмори. Сите 152.000 ученици во регионот за прв пат ќе се вратат во училниците, откако училиштата се затворија како дел од мерките кон средината на март.

За да се минимизира ризикот од инфекција, учениците ќе бидат поделени во групи кои нема да се мешаат.

Главниот наставник во основното училиште „Ројтерхаген“ во Росток, Јан Бонин, вели дека е сигурен дека ќе започне добро наставата.

„ Маските се задолжителни во училишните простории“ изјави Бонин за ДПА, додавајќи дека учениците кои биле нервозни или несигурни поради новите норми, ги поздравиле и поддржале наставниците.

Тој нагласи дека нема да се толерираат оние ученици кои нема да носат маски.

Неколку острови во покраината Шлезвиг-Холстен исто така од денеска ги продолжуваат часовите, а пристанишниот град Хамбург продолжува во четврток.

Училиштата во Берлин и државата Бранденбург најавија дека ќе се приклучат следната недела, како и најнаселената држава Северна Рајна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This