ГЕРМАНСКИ РАЗУЗНАВАЧКИ ПОДАТОЦИ: Иран се обидувал илегално да ја прибави технологијата потребна за ракетната програма

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во својот извештај, локалната канцеларија на германската агенција за внатрешна безбедност тврди дека Исламската Република постојано се обидувала да стигне до репроматеријали и технологијата неопходна за развивање на оружје за масовно уништување и работи на својата ракетна програма.

Регионалната канцеларија за заштита на уставот во државата Северна Рајна Вестфалија, која е најзаселена држава во Германија и претставува упориште за клучните индустрии, во својот годишен извештај за 2017 година изјави:

“Откако иранскиот нуклеарен договор стапи на сила во 2016 година, регистрирано е големо намалување на обидите на Иран да купи производи [за развој на оружје за масовно уништување]. Поради развојот на својата ракетна програма, Иран останува фокусиран на надминување на нуклеарната пролигерација. Покрај тоа, сè поголем број вакви обиди од страна на Пакистан се идентификувани. Сепак, во поголемиот дел од случаите, испораката на стоките е неуспешна. ”

Службата за безбедност откри во својот извештај дека е во состојба да ги предупреди локалните компании и да ги спречи сомнителните договори за т.н. стоки за двојна употреба и знаење, кои можат да се користат и во цивилните индустрии и во производството на оружје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This