ГИ ПЦУЕЛ, ПА ПРОБАЛ ДА ГИ ТЕПА: Ресенчанец приведен откако пцуел и нападнал полицајци!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 28.08.2018 година во 03.15 часот по претходна пријава за нарушен јавен ред и мир во ноќен клуб во Ресен, полициски службеници од Полициската станица Ресен се упатиле на местото на настанот, каде што го нашле пријавителот Ф.И. и неговата сестра С.И.

Во еден момент, пришло лицето Ц.К. кој најпрвин почнал да ги омаловажува и да им се заканува на полициските службеници, а потоа и на пријавителот кого потоа физички се обидел да го нападне, но во намерата бил спречен од полициските службеници кои пристапиле кон негово приведување. Ц.К. пружал отпор, а напоредно со ова на местото на настанот се собрала група граѓани од кои четири лица директно се обиделе да го спречат приведувањето.

Тогаш еден од полициските службеници испукал предупредувачки истрел во воздух, по што групата се повлекла. Ц.К. е приведен во ПС од ОН Ресен. За настанот е известен дежурен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно документирање и расчистување на истиот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This