April 17, 2024, 12:31 am

Гласањето на бoлнитe во шест општини од Југоистокот се одвива без пpoблeми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вкупно 1.369 болни и изнемоштени лица денес гласаат во општините Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село и Конче. Гласањето се одвива без проблеми и според општинските изборни комисии се очекува да заврши во попладневните часови.

Во општина Струмица за гласање се пријавени 466 болни и изнемоштени лица, а заедно со нив гласаат и затвореници од Затворот во Струмица, Терапевтската установа „Покров“ и Заводот за заштита и рехабилитација на деца и младинци „Бања Банско“.

-Избирачкиот процес тече нормално без никакви проблеми и кај болните и изнемоштените, во затворот и во двете установи, информира Томислав Андреев, претседател на ОИК Струмица.

Претседателите на изборните комсии од другите општини, исто така, информираат дека гласањето се одвива нормално и без пробеми.

Право на глас во овие шест општини имаат над 110.291 граѓани на 198 избирачки места.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This