Глaвниoт нayчeн coвeтник нa бpитaнcкaтa влaдa: 60 oтcтo oд пpимeнитe вo бoлница ce co двe дoзи вakцинa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Британскиот научен советник Партик Валанс изјавил денеска дека 60 отсто од луѓето примени во болница со Ковид 19 имале приеи две дози вакцини.

„Ако зборуваме за бројот на луѓето кои се болница а кои имале примено две дози од вакцината, знаеме дека станува збор за околу 60 отсто“, рекол Валанс, а пренесува Ројтерс.

Ова е еден од ретките вакви податоци кој внесува дополитнителна забуна.

Најпрвин се сметаше дека со вакцините ќе се стекне групен имунитет, потоа таа теза се напушти, па почна да се зборува за тоа дека вакцините не спречуваат од заразата со корона вирусот, туку штитат од развој на тешка клиничка слика и смрт, а сега овој податок на Валанс зборува за тоа дека 60 отсто од луѓе примени во болница се со две дози примена вакцина, што значи дека вакцината не штити од развој на болеста до степен кој бара болничко лекување, односно двете дози на исклучуваа и да се заразите и развиете болест од корона вирусот до степен за кој е потребно болничко лекување.

Недостасува податокот колку е тој процент од вкупниот број заразени, а кои биле вакцинирани со две дози за да се извлече посеопфатен заклучок. Недостасува  податокот со кои вакцини биле вакцинирани примените во болница. Во Бртианија во примена се АстраЗенека и вакцините развиени во САД.

Сер Патрик Џон Томпсон Валенс е британски лекар, научник и клинички фармаколог, кој работел и во академијата и во индустријата. Од 2018 година е главен научен советник на Владата на Велика Британија од 2018 година.

Во Британија со две дози вакцина се вакцинирани се 34 милиони лица или 54 отсто од населението. И пoкрај тоа, со деновиви наназад земјата околу 50 000 ново заразени, но за разлика од минатата година, бројот на починати е низок.

Во поглед на ново заразените, своевиден исклучок е денешниот ден кога с епријавени 39 950 позотивни и 19 мртви.

За споредба, Индија има 29 360 позитивни, но и 370 мртви, а Русија има 24 600 позитивни со дури 719 мртви.

Русија има вакцинирано околу 15 од населението, а Индија околу 5 отсто.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This