Голем пожар кај Треска, пожарникарите барале асистенција од полиција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пожар избил попладнево околу 17 часот во комплексот Треска. Горело ѓубриште, трева и суви гранки, информира за КУРИР командантот на противпожарна бригада Скопје Владимир Симоновски.

Кога пожарникарите кои требале да интервенираат на пожарот во близина на езерото, наишле на затворена капија со катанци и ланци на Комплексот.

Бидејќи не можеле веднаш да влезат да го изгаснат пожарот, побарале асистенција од полиција, односно барале полициски службеници да присуствуваат на местото на настанот кога требало да го скршат катанецот.

Но, по извесно време се појавил директорот на Комплексот и ја отворил капијата, а пожарникарите влегле и веднаш го изгаснале пожарот кој се проширил на околу 3.000 квадрати.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This