ГО КРШЕА СУДОТ, ТЕПАА ПОЛИЦАЈЦИ, СЕГА ЌЕ ДОБИЈАТ ОШТЕТА: Можно е оние кои фрлаа молотови во судот, да добијат оштета затоа што биле казнети!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мухарем Барди, Адем Абдулаи, Мухарем Иса, Раму Бучи, Ариан Реџепи и Енур Илјази, се имињата на шесте демонстранти кои завршија во затвор барајќи „правда“ во судењето за случајот „Монструм“. Адвокатот Насер Рауфи вели дека доколку Врховниот суд го промени исходот на случајот во полза на обвинетите, тогаш на осудените демонстранти им следува обештетување, пренесува Алсат М.

Доколку овие обвинети бидат ослободени и таа одлука стане правосилна, во постапката на повторување, лицата кои издржувале затвор имаат право да бараат оштета. Тука произлегува оправдувањето зошто протестирале и каузата дека протестот бил оправдан и основан.“ – изјави Насер Рауфи – адвокат

Шпетим Положани од здружението на поранешни политички затвореници, ги оправдува протестите кои се одржаа против максималната казна во случајот „Монструм“. Според него, притисокот на протестите бил една од главните причини што предметот сега ќе оди на повторно судење.

Сепак, широката јавност е згрозена од обидите да се оправдаат веќе правосилно осудени убијци, кои извршија терористички акт убивајќи пет млади момчиња без никаква причина освен влевање страв кај населението. Ова само претставува додавање сол на отворена рана, и ново продлабочување на етничката нетрпливост, тврдат експертите, кои страуваат дека ова ќе влијае на чувствата на Македонците кои следејќи го примерот на демонстрантите против „Монструм“ би можеле да ја земат правдата во свои раце.

Претходно, ОЈО побара случајот „Монструм“ да се стави на повторно одлучување со цел укинување на казната „доживотен затвор“.

Во меѓувреме, ниту претседателот на државата, владата или ОЈО не бара ослободување или ублажување на казните за демонстрантите од 27 април.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This